Марко Арнаутовиќ ќе биде ново големо засилување на Црвена Звезда. Искусниот напаѓач на кого му заврши договорот со Интер летово, бараше нов клуб, и како што изјави неговиот менаџер и роден брат, Даниел, сега може сам да избере каде сака да игра – онаму каде што го води срцето.
Срцето му покажало кон црвено-белата боја, Марко сака да ја заврши кариерата играјќи за Црвена Звезда, и тоа ќе се оствари.
Сепак, Австриецот со српско потекло има свои барања – и тоа не било какви, имајќи го предвид угледот што го ужива во светскиот фудбал.
Според информациите на австриски „Скај“, Арнаутовиќ ќе добива 2,5 милиони евра годишно – нето. Црвена Звезда ќе го плати 5 милиони евра за две години.
Со тоа, тој станува убедливо најплатениот фудбалер во историјата на Црвена Звезда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













