Connect with us

Аргентина остана без важен играч непосредно пред стартот на Мундијалот

Аргентина се соочува со сериозни проблеми со повреди во пресрет на Светското првенство, а селекторот Лионел Скалони доби нови лоши вести непосредно пред почетокот на турнирот.

Според достапните информации, Леонардо Балерди нема да настапи на Мундијалот откако на тренинг заработил потешка повреда на ногата.

Актуелните светски шампиони се подготвуваат за одбрана на титулата освоена на претходното Светско првенство, но јасно е дека ги очекува исклучително тешка задача. Многу репрезентации сакаат да ги симнат од тронот, а новиот проблем со повредата дополнително ги искомпликува плановите на Скалони.

Според информациите, Балерди се повредил на вчерашниот тренинг, а пред него е најмалку еден месец пауза и рехабилитација. Тоа значи дека дефанзивецот нема да може да настапи на овогодишното Светско првенство.

Ова претставува голем удар и за Аргентина и за самиот фудбалер, бидејќи повредата доаѓа во најлош можен момент. Скалони сега ќе мора да пронајде замена и да направи промена во составот пред првиот натпревар против Алжир, кој е закажан за 16 јуни.

Аргентина се наоѓа во група со Алжир, Австрија и Јордан. По дуелот со Алжир, актуелниот светски шампион на 22 јуни ќе игра против Австрија, а шест дена подоцна и против Јордан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови