Лионел Меси се збогуваше со репрезентацијата на Аргентина, а начинот на кој неговата земја му се заблагодарува доволно говори за големината што ја има во тамошниот фудбал
Аргентинската фудбалске федерација (АФА) одлучи да организира посебен момент во кој практично ќе биде вклучен целиот фудбал во земјата.
Првиот таков момент се случи на натпреварот меѓу Бока Јуниорс и Велез во рамките на Купот на Аргентина. Кога часовникот покажа 10. минута, натпреварот беше прекинат, а целиот стадион „Марио Алберто Кемпес“ стана на нозе и со аплауз ја испрати репрезентативната ера на Меси.
Сепак, ова не беше изолиран случај. АФА донесе одлука во текот на претстојниот викенд натпреварите во сите категории и дисциплини да бидат прекинати во 10. минута од првото полувреме.
Тогаш играчите, стручните штабови и навивачите со едноминутен аплауз ќе му оддадат почит на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Одлуката се однесува на машките и женските категории, но и на футсалот и фудбалот на песок. Тоа значи дека Меси практично ќе биде во центарот на вниманието на сите фудбалски терени ширум Аргентина.
Изборот на 10. минута не е случаен. Токму бројот „10“ ја одбележа кариерата на Меси во дресот на Аргентина, а сега неговиот легендарен број ќе стане симбол на благодарноста на целата земја за сè што направи во репрезентативниот дрес.
На стадионите кои имаат големи видеоекрани ќе биде прикажано и специјално видео подготвено од АФА. Се очекува трибините да бидат исполнети со аплаузи, овации, знамиња и песни посветени на аргентинскиот капитен.
Меси ја заврши репрезентативната кариера како апсолутен рекордер на Аргентина. За националниот тим одигра дури 207 натпревари и постигна 125 голови, повеќе од кој било друг фудбалер во историјата на „гаучосите“.
Неговата ера во репрезентацијата на Аргентина донесе трофеи за кои тамошните навивачи со години сонуваа.
По бројните разочарувања, Меси со националниот тим ја освои Копа Америка во 2021 година, Светското првенство во 2022 година и повторно Копа Америка во 2024 година.
Посебно место зазема Мундијалот во Катар, каде што Меси конечно стигна до најголемиот трофеј. Со тоа ја комплетираше својата репрезентативна приказна и стана симбол на генерацијата која ја врати Аргентина на светскиот врв.
Сега, по повеќе од две децении во дресот на Аргентина, дојде време за крај. Иако сè уште не е познато дали Меси ќе добие и посебен проштален натпревар пред домашната публика, јасно е дека неговото заминување нема да помине без големо признание.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













