Финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија ќе добие дополнителни 30 минути, откако по 90 минути игра резултатот остана непроменет – 0-0.
Голем удар за актуелниот светски шампион пристигна длабоко во судиското продолжение, кога Енцо Фернандез беше исклучен. Аргентинскиот репрезентативец грубо стартуваше врз Пау Кубарси, заработи втор жолт картон и предвреме го заврши настапот, оставајќи ја својата селекција со десетмина фудбалери.
🚨 Enzo Fernandez Red Card 🤯🔥 pic.twitter.com/QFuT842Lxd
— KinG £ (@xKGx__) July 19, 2026
Шпанија беше поопасниот противник во текот на регуларниот дел. „Црвената фурија“ имаше поголем посед на топката, го контролираше темпото и создаде неколку добри можности пред голот на Емилијано Мартинез, но без посакуваната реализација. Најблиску до погодок беше Нико Вилијамс, кој во судиското продолжение не успеа да ја искористи одличната шанса.
Аргентина најголем дел од натпреварот се потпираше на цврста одбрана и брзи контранапади, но во продолженијата ќе ја очекува уште потешка задача. Со играч помалку на теренот, избраниците на Лионел Скалони ќе мора да издржат силен притисок од Шпанците, кои ќе се обидат да ја искористат бројчаната предност и да стигнат до светската титула.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













