Македонската спортска публика од денеска добива нов телевизиски спортски канал, откако официјално започна со работа Арена Спорт Македонија, платформа која ќе нуди спортски содржини со коментар на македонски јазик.
Почетокот на емитувањето доаѓа во вистински момент, непосредно пред стартот на Светското првенство, кое задутре започнува во САД, Мексико и Канада. Натпреварите од мундијалот ќе бидат проследени со македонски коментаторски тим составен од десетина искусни спортски новинари и коментатори.
Според најавите, екипата зад Арена Спорт Македонија поседува долгогодишно искуство стекнато на различни спортски телевизиски канали и ќе има задача на гледачите да им ја доближи атмосферата од најголемите спортски настани на автентичен и професионален начин.
Покрај Светското првенство, каналот ќе пренесува и бројни врвни спортски натпреварувања, меѓу кои фудбалски, кошаркарски и ракометни лиги, како и автомото спортови, со што значително ќе се збогати спортската понуда за македонските љубители на спортот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













