Connect with us

Арда Туран не сака да биде селектор на Турција

Арда Туран ја одби можноста да стане селектор на Турција, иако неговото име се најде меѓу главните кандидати за наследник на Винченцо Монтела. Тренерот на Шахтјор Доњецк смета дека во оваа фаза од кариерата е подобро да продолжи да се развива на клупско ниво, наместо да ја преземе репрезентацијата.


Поранешниот фудбалер на Барселона и Атлетико Мадрид, кој пред неколку години ја започна тренерската кариера, призна дека му значи поддршката од јавноста, но нагласи дека сè уште има многу да научи.


„Возбудливо е да се види дека по долго време луѓето повторно се обединуваат околу моето име. Бескрајно сум им благодарен за вниманието, но можеби како млад тренер треба да поминувам повеќе време на теренот, да продолжам да се развивам и да работам таму каде што нема присуство на знамето на мојата земја“, изјави Туран на прес-конференцијата пред натпреварот со АЕК во Лигата на шампионите.


Турскиот стратег потврди дека има договор со Шахтјор и дека му дал збор на клубот, со што јасно стави до знаење дека во блиска иднина нема намера да ја менува средината.


Шахтјор вечерва од 21 часот ќе го пречека АЕК на неутрален терен во Лондон, со желба да продолжи со позитивните резултати по ремито во Ајндховен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови