Тотенхем стави крај на мини-кризата и повторно се врати на победите во Премиер лигата. Во малото лондонско дерби, Тотенхем минимално го совлада Кристал Палас на гостински терен со 0-1 и направија скок од три позиции на табелата во англиската елита.
Томас Франк беше под силен притисок во изминатиот период, пред сè поради слабите игри и резултати на Тотенхем, но по двата последовни порази конечно се вратија насмевката и задоволството кај данскиот стратег.
Овој триумф има посебна тежина и за Франк и за Тотенхем, бидејќи стрелец на единствениот погодок беше младиот Арчи Греј. Деветнаесетгодишниот играч за врска одлично се снајде по мешаница пред голот на домаќините, го совлада Хендерсон и испиша историја во лондонскиот клуб. Со 19 години и 291 ден, Греј стана најмладиот Англичанец кој постигнал гол за Тотенхем во Премиер – лигата по Деле Али во јануари 2016 година (19 години и 287 дена – исто така против Кристал Палас).
Натпреварот на „Селхрст Парк“ ќе остане запаметен и по двата поништени гола на бразилскиот ас Ришарлисон. Напаѓачот двапати ја затресе мрежата, но ВАР реагираше и ги поништи двата негови погодоци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













