Connect with us

Арбелоа: Успешно завршена задача

Алваро Арбелоа зборуваше по убедливата победа на неговиот Реал Мадрид со 4-1 против Реал Сосиедад во натпреварот од 25. коло на Ла Лига. Со освоените три бода „кралевите“ се искачија на врвот на табелата и најмалку 48 часа ќе останат лидери, сè до гостувањето на Барселона кај Џирона во понеделник.

„Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, но трениравме добро во текот на целата недела и тоа се виде на теренот. Знаевме дека противникот ќе биде агресивен, ќе притиска високо и дека може да се повлече и да напаѓа од контра. Бевме свесни дека можат брзо да излезат во противнапад, па сакавме да доминираме на нивната половина, да се браниме компактно и да притиснеме кога е потребно – и успеавме во тоа“, изјави Арбелоа.

Убедливата победа дојде во идеален момент за Реал Мадрид, бидејќи следната недела ги очекува сериозен предизвик во европските натпреварувања против Бенфика.

„Сè уште го паметиме мечот со Бенфика и знаеме колку ќе биде тежок. Со оглед на агресивноста на тимот на Мурињо, мора да се фокусираме на тоа да одиграме квалитетен натпревар, без да размислуваме за реваншот“, додаде Арбелоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови