Connect with us

Арбелоа: Тој што го исвиркува претседателот Флорентино Перез не е „мадридиста“

Новиот тренер Алваро Арбелоа го забележа својот прв триумф на клупата на Реал Мадрид во дебито на „Бернабеу“ – 2-0 против Леванте. Победата не дојде лесно, бидејќи стадионот беше критички настроен кон тимот, а првото полувреме беше далеку од очекуваното. Сепак, тренерот го нагласи реакцијата на играчите по разговорот за време на паузата. Тој ги прифаќа исвиркувањата од фановите како дел од високите стандарди на клубот, но истовремено го заштити Винисиус Жуниор, кој беше најмногу подложен на незадоволството на трибините.

За разлика од обично, овојпат цел на критика беше и претседателот Флорентино Перез.

„Знам од каде доаѓаат освиркувањата кон претседателот“ – изјави Арбелоа. „Тие не се од луѓе кои не го сакаат Флорентино, туку од оние кои не го сакаат Реал Мадрид. Не можат да ме измамат. Тој е најважната личност во овој клуб заедно со Бернабеу, и ние, мадридистите, знаеме што направи Флорентино за клубот. Знаеме од каде доаѓаат тие исвиркувања.“

Потоа, тренерот ја коментираше и напнатата ситуација околу Винисиус.


„Немавме добра измината недела и публиката има целосно право да исвиркува, вклучително и мене. Сега треба да ја добијам нивната љубов како тренер. Исвиркувањата беа и за мене. Знаете дека секогаш многу го почитував „Бернабеу“. И мене многу пати ме исвиркувале. Она што нѐ прави големи е тоа што овој клуб поставува високи барања и секогаш мораме да ги прифаќаме, бидејќи фановите знаат дека можеме многу повеќе и да бидеме на нивото на Мадрид. Треба да им дадеме многу повеќе, особено оваа недела.

За мене, како тренер на Мадрид, работите се многу јасни. Ќе работам за да го видам најдобриот Винисиус. Ќе барам од играчите да го бараат. Тој не се плаши, има карактер, го бранеше овој клуб со сè. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, ако не и најдобриот. Тој е симбол на тоа што значи да си фудбалер на Реал Мадрид. Она што го постигна како дете во Мадрид малкумина го направиле. Тој ќе ни донесе многу титули, како што веќе направил.“

„Знаевме колку тежок ќе биде натпреварот“ – објасни Арбелоа за падот во играта пред паузата. – „Не е лесно, и јас играв натпревари по големо разочарување и знам дека не е лесно. Овој дуел беше со играчи кои носат голема одговорност. Мора да работиме многу подобро отколку во првото полувреме. Овој меч ни служи за да сфатиме дека има многу работи што треба да ги подобриме.“

Му благодарам на Мбапе за напорите, бидејќи знаеме дека има проблеми со коленото. Можеше да се откаже, но првото нешто што го направи беше да ми ја подаде топката помеѓу нозете на тренингот за да ме поздрави. Тоа е нешто што ќе го паметам цел живот. Тој е роден лидер и се надевам дека коленото ќе издржи, бидејќи ќе ни треба.“

Арда Ѓулер, пак, е способен да игра на различни позиции, има стекнат голем искуство за својата возраст. Во Албасете вложи многу напори и е посебен, различен талент. За Белингам: го видов во многу добра форма цела недела. Одблиску е уште подобар – искуството, зрелоста, лидерството. Тој презема одговорност и жално е што не постигна гол. Тој е еден од лидерите, како Килијан или Феде. Тие се лидерите на овој тим и мораме да ги бараме. Треба да ја извлечеме нивната најдобра верзија и да ги направиме среќни“, заклучи Арбелоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови