Connect with us

Арбелоа ќе добие отказ ако Реал биде елиминиран од Сити, а следниот пик е – Јирген Клоп!

Вчерашниот пораз од Хетафе на „Сантијаго Бернабеу“ донесе нови сомнежи околу иднината на Алваро Арбелоа на клупата на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Бившиот дефанзивец стартуваше со разочарувачка елиминација од Албасете во Купот на кралот, но по неколку кола резултатите се стабилизираа, особено во Ла Лига, а тимот обезбеди и место во осминафиналето од Лига на шампиони по победите против Бенфика.

Сепак, според шпанските медиуми, по вчерашниот пораз Арбелоа веќе има два последовни неуспеси во шампионатот и прашањата околу неговата иднина стануваат сè посериозни. Реал Мадрид заостанува четири бода зад лидерот Барселона, а до крајот на сезоната остануваат само 12 кола.

Шпанскиот весник „АС“ додава дека тренерската позиција на Арбелоа ќе зависи од настапот на тимот во осминафиналето на ЛШ против Манчестер сити. Слабо издание и евентуална елиманација би значеле речиси сигурно заминувње на Алваро Арбелоа и трет тренер во клубот само оваа сезона.

Следниот би можел да биде спектакуларно име, Јирген Клоп, барем според најавите од шпанските и од англиските медиуми. Директорот за фудбал во Ред Бул ќе има сериозен предизвик да го преземе Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови