Connect with us

Арбелоа ќе биде нов менаџер на Фулам?

Фулам веќе започна со потрагата по нов менаџер по заминувањето на Марко Силва, а едно од имињата што сериозно се разгледува е поранешниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа.

Според информациите од Англија, раководството на лондонскиот клуб веќе остварило разговори со шпанскиот стратег околу можноста да го преземе кормилото на тимот пред почетокот на новата сезона.

Марко Силва стави крај на својата петгодишна етапа во Фулам по завршувањето на сезоната и се пресели на клупата на Бенфика. Неговото заминување отвори простор за ново тренерско решение, а Арбелоа се наметнува како една од опциите за наследник.

Во вторникот, Реал Мадрид официјално потврди дека соработката со Арбелоа е завршена. Поранешниот шпански репрезентативец го водеше „кралскиот клуб“ од јануари 2026 година, но не успеа да ги исполни очекувањата, откако тимот остана без трофеј во Ла Лига, Купот на Кралот и Лигата на шампионите.

Фулам минатата сезона ја заврши на 11. позиција во Премиер – лигата со освоени 52 бода, а клубот сега е во потрага по тренер кој ќе донесе нов импулс и ќе овозможи чекор напред во наредниот шампионат.

Останува да се види дали разговорите со Арбелоа ќе прераснат во конкретен договор и дали Шпанецот ќе ја добие шансата за нов почеток во англискиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови