Connect with us

Арбелоа ги коментираше свирежите: Винисиус е вистински мадридист и го сака клубот

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја прокоментира победата на „кралскиот клуб“ над Алавес со 2-1 во натпревар од Ла Лига.

„Доминиравме во првото полувреме. Требаше да постигнеме повеќе голови и порано да го решиме натпреварот, наместо да му дозволиме на противникот да се врати во игра“, изјави Арбелоа.

Тој се осврна и на реакцијата од трибините на „Бернабеу“ кон Винисиус Жуниор.

„Не е првпат Винисиус да се соочи со ваков однос, но тој е вистински мадридист кој го сака клубот и овој грб. Многу ми е драго што навивачите го наградија со аплаузи. Не мислам дека свирежите беа масовни, ниту дека целиот „Бернабеу“ свиреше или дека тоа беше постојано. Такви работи се случуваат понекогаш, и јас сум минувал низ нешто слично. Вини одигра одличен натпревар“, додаде Арбелоа.

„Сите во Реал веруваме во Едуардо Камавинга. Јас, раководството, навивачите – апсолутно сите“, истакна поранешниот дефанзивец.

„По натпреварот со Баерн Минхен разговаравме и одлучивме дека мора да ги добиеме преостанатите седум натпревари. Тоа е нашата цел. Една победа веќе имаме, остануваат уште шест“, заврши тренерот на „кралскиот клуб“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови