Connect with us

АП Брера се надева на позитивен исход од гостувањето во Тетово

АП Брера има мисија да се обиде да го избегне баражот во последните две кола од Првата фудбалска лига. Во моментов, има три бода помалку од Арсими и четири од Башкими, и јасно е дека ќе може тоа да го стори само доколку успее да стигне до позитивен резултат на денешното гостување кај Шкендија во Тетово.


По ремито против Работнички во минатото коло, задачата на Брера е отежната, но шанси сѐ уште постојат.


„Одиме во Тетово со цел да одиграме квалитетно и да оствариме позитивен резултат“, порачуваат од АП Брера.

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера ќе се одигра денеска, со почеток во 16 часот, на Градскиот стадион во Тетово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови