Лидерот во Серија А, Наполи, има големи амбиции за следната сезона, а една од нив е ангажман на Џек Грилиш од Манчестер Сити, објавуваат британските медиуми. Според информациите, тренер на Наполи, Антонио Конте, е голем обожувател на англискиот репрезентативец и токму тој го бара неговиот потпис.
Грилиш, кој пристигна во Сити од Астон Вила во 2021 година за 117,5 милиони фунти, оваа сезона ретко беше стартер и одигра само 19 натпревари во Премиер – лигата. Тоа го прави потенцијално отворен за трансфер, доколку стигне вистинска понуда.
Наполи е прв на табелата со три поени предност пред Интер, и Конте сака звучно засилување кое ќе му донесе квалитет и искуство за настапите во Лигата на шампионите.
Освен Грилиш, уште едно големо име на списокот на Наполи е и Кевин де Бруин, кој исто така би можел да го напушти Манчестер Сити по завршување на сезоната.
Наполи го доведе Скот Мектоминеј, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, и тоа се покажа како полн погодок за тимот оваа сезона во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













