Италијанскиот ветеран Антонио Кандрева објави дека се повлекува од фудбалот на 38-годишна возраст.
Неговиот последен клуб беше Салернитана, но во минатата сезона беше без ангажман.
„Драг фудбал, денес е еден од најважните денови во мојот живот. Дојде време да кажам збогум, тука, на „Сан Сиро“, го одиграв последниот натпревар. Приказната ја започнав пред 30 години и беше исполнета со радост, но и болка, жртви и победи со многу емоции. Не го гледам ова како збогување, туку како почеток на нешто ново. Благодарен сум за сè, се гледаме во иднина“, истакна Кандрева.
Антонио Кандрева во својата кариера настапуваше за Тернана, Удинезе, Лацио, Јувентус, Парма, Чезена, Интер и Сампдорија. Исто така, беше и репрезентативец на Италија. Вкупно одигра 502 натпревари, постигна 85 гола и забележа 100 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













