Антоан Семењо, офанзивецот на Борнмут, прерасна во најпосакуваното име на јануарскиот трансфер пазар во Премиер – лигата. За неговите услуги сериозен интерес покажуваат Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, додека Тотенхем безуспешно се обидуваше да го ангажира уште минатото лето. Британските медиуми пренесуваат дека во трката за неговиот потпис сега се приклучил и Челси.
Репрезентативецот на Гана во договорот со Борнмут има откупна клаузула во вредност од 65 милиони фунти, која може да биде активирана во првите десет дена од јануари. Клубот што ќе ја исплати оваа сума ќе добие право директно да преговара со играчот и да го финализира трансферот.
За водечките англиски тимови ваквата сума не претставува пречка, па јасно е дека конечната одлука ќе ја донесе самиот Семењо. Според најавите, неговиот избор веќе е направен и наклонет е кон Манчестер Сити, бидејќи сака да работи под водство на Пеп Гвардиола, за што наводно ги известил и останатите заинтересирани клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













