Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе се соочат во англиско финале на Лигата на Европа, откако убедливо ги совладаа своите ривали во полуфиналните реванш натпревари. Финалето е закажано за 21 мај во Билбао, а победникот ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Манчестер Јунајтед потврди доминација против Атлетик Билбао со победа од 4-1 на „Олд Трафорд“, откако претходно славеше и на гостински терен. Баскијците поведоа преку Јаурегизар во 31. минута, но во вториот дел „црвените ѓаволи“ целосно го презедоа натпреварот. Мејсон Маунт беше двоен стрелец, додека Кашемиро и Расмус Хојлунд додадоа по еден гол за вкупен резултат од 4-1, или во двата меча 7-1.
Тотенхем исто така не дозволи изненадување на гостувањето кај Бодо/Глимт во Норвешка. Избраниците на Анге Постекоглу победија со 0-2 благодарение на головите на Доминик Соланке и Педро Поро. Со оваа победа, „петлите“ го заокружија двомечот со вкупни 5-1 и се изборија за прво европско финале од 2019 година.
Финалната пресметка меѓу двата премиерлигаши ветува спектакл во Билбао и борба не само за трофејот во Лига Европа, туку и за билет во елитната Лига на шампиони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













