Aнглија доживеа неочекуван пораз од 1:3 во пријателскиот натпревар против Сенегал, што е прв пораз за селекторот Томас Тухел откако го презеде водството на гордиот Албион. По победите над Албанија (2-0), Летонија (3-0) и Андора (1-0), Англичаните паднаа во Дортмунд под налетот на енергичните Африканци.
„Резултатот е разочарувачки. Можеби заслуживме повеќе. Имав чувство дека долго време на натпреварот не бевме доволно активни. Добро се браневме во првото полувреме, но најдобро игравме кога губевме со 1-2. За жал, примивме два наивни гола“, изјави Тухел по мечот.
И покрај поразот, германскиот стратег потенцираше дека неговиот тим покажал реакција.
„Станавме поагресивни, ризикувавме, создадовме неколку одлични шанси за израмнување, но не успеавме да ги реализираме“, додаде поранешниот тренер на Челси и Баерн Минхен.
Поразот има историска димензија: ова е првпат Англија да загуби од африкански противник. Во претходните 22 средби со селекции од Црниот континент, Англичаните имаа 15 победи и 6 нерешени. Дополнително, за првпат примија три гола од африканска репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













