Женската фудбалска репрезентација на Англија е повторно европски шампион. Во финалето, гордиот Албион ја совлада Шпанија по изведување пенали. Натпреварот заврши 1-1 по регуларниот дел и продолженијата, а Англичанките беа поуспешни од белата точка со 3-1.
Двете селекции почнаа енергично, но правеа многу грешки. По првата закана на Англија, Шпанија ја презеде иницијативата и во 24. минута поведе со гол на Мариона Калдентеј со глава (1-0).
Во 57. минута Англија израмни. Кели центрираше, Анџелика Русо скокна највисоко и погоди со глава (1-1). Потоа темпото падна, шансите беа ретки и двата тима играа внимателно. Слично беше и во продолженијата, иако Шпанија повеќе притискаше да стигне до нов гол.
Следеа пенали, Шпанија поведе по промашувањето на Мед, но Хемптон го одбрани ударот на Калдентеј и врати рамнотежа. Потоа одбрани и удар на Бонмати, но Кол спречи погодок од Вилијамсон. Шпанката Парагуело промаши цел гол, а Кели го реализираше последниот пенал за титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













