Connect with us

Англичаните никогаш не победиле на стартот на ЕВРО, Хрватите гледаат шанса

Воведниот натпревар на третиот ден од ЕВРО 2020 е пресметката на Англија и Хрватска на „Вембли“.

Според сите обложувалници и статистички податоци, Англичаните се очигледни фаворити, но историските факти не ги поддржуваат ваквите предвидувања.

Ова Европско првенство е десетто на кое се натпреварува Англија. На претходните девет појавувања, Англичаните никогаш не успеале да почнат со триумф. Имаат пет нерешени и четири порази на стартото од еврошампионатите.

Најблиску до триумф во стартен натпревар, Англија беше пред пет години кога водеше со 1-0 до втората минута од судиското дополнување на времето, а потоа Русите успеаја да им украдат два бода.

Претходно во 2012 имаше реми 1-1 против Франција во почетното коло, а потоа го доби останатите средби и заврши на првата позиција.

Англија не учествуваше на ЕВРО 2008 откако во квалификациите беше елиминирана токму од Хрватска.

Во 2008 година, Англија првенството го почна со болен пораз од 2-1 од Франција, но потоа следуваа два триумфа, над Швајцарија и во решавачкиот за втората позиција во групата над Хрватска со 4-2.

Од друга страна, Хрватска досега има настапи на пет европски првенства на кои по правило, секогаш отвора со добар резултат. Има четири победи и едно реми.

На дебито во 1996 година, Хрватска ја совлада Турција со 1-0 со голот на Горан Влаовиќ, а осум години подоцна, единствено разочара на отворањето кога одигра 0-0 со Швајцарија.

На последните три европски првенства, Хрватска редовно почнуваше со победи – во 2008 година против Австрија 1-0 со пенал на Лука Модриќ, во 2012 година против Ирска 3-1 со два гола на Марио Манџукиќ, а во 2016 година, како и 20 години порано, ја совлада Турција со 1-0. Како и во 2008 година, стрелец на единствениот гол на првиот хрватски натпревар беше Модриќ.

Гледајќи ги историските факти, Англичаните можат да се потпрат на податокот дека никогаш не загубиле на Вембли како дел од големо натпреварување. На нивниот култен стадион тие имаат седум победи и четири нерешени натпревари, кои не вклучуваа пенали во нокаут-фазата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови