Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Гоце Седлоски да ја преземе селекторската функција и да го наследи Благоја Милевски на чело на А-репрезентацијата. Новиот предводник на националниот тим денес беше официјално претставен во Скопје, а својот прв настап на клупата ќе го има во март.
Поранешниот селектор Игор Ангеловски очигледно не се согласува со одлуката на ФФМ. Тој реши јавно да се огласи и да ги изнесе своите размислувања во врска со новиот селектор, па дури и со навредлив тон.
„Селекторот Гоце Седлоски ни риба ни девојка!
Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО најпрво со селекторот Благоја Милевски, а сега и со изборот на новиот селектор Гоце Седлоски за клучните натпревари за пласман на Светско првенство кој претставува НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ!
Комисија или одлука на УО на ФФМ сеедно е!
При избор на селектор треба да се има сериозен пристап. Таа функција не трпи пресметки како за избор на гувернер на национална банка на една држава каде се „регулираат парите во оптек”
Вие не правите разлика, важно е само личните интереси да Ви бидат задоволени. Ваков скандал колеги „мои” кои сте во комисијата и сакате да се амнестирате Ве молам да не ми се јавувате! Одважете се и излезете јавно! Сите сте докажани, реализирани фудбалски професионалци! Зошто дозволувате да бидете пандан зад кој се кријат „фудбалски стаорци”.
После сѐ што слушнав на денешниот семинар за тренери носители на про-лиценца кој се одржуваше во исто време кога беше промоција на новиот селектор во хотелот „Хилтон“ и тоа од моите колеги кои беа во огромен број е причината да излезам јавно и да го изнесам мојот став.
Ако еден зборува тогаш или е до него или е до тебе. Ако двајца или повеќе зборуваат тогаш г. Омерагиќ треба да се замислиш.
Mакедонскиот фудбал ова не го заслужува!
Игор Ангеловски – поранешен селектор на Македонската фудбалска репрезентација кој заедно со целиот стручен штаб, играчите, техничкиот и медицинскиот персонал го постигна најголемиот историски успех во македонскиот фудбал – ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО“, напиша екс-селекторот Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах













