Македонскиот селектор Игор Ангеловски искажа задоволство од победата против Летонија и освоените четири бода од септемврискиот репрезентативен собир во квалификациите за ЕП 2020.
„Најважно е што успеавме да славиме против Летонија. Имавме шанси и за поубедлив триумф, но бодовите се најважни. Сега да се надеваме дека ќе имаме супер реализација на следниот натпревар против Словенија во Скопје“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата во Рига, притоа дополнувајќи:
„Кога ќе се сумира се по овој репрезентативен собир, може да жалиме за двата бода од Израел. Ќе имавме максимални шест, но и вака сме во игра иако многумина не отпишаа. Сега ни требаат ладни глави во репрезентацијата, а полни трибини затоа што победа над Словенија во следното коло не носи можеби и на второто место“ – рече македонскиот селектор.
Селекторот на Летонија, Славиша Стојанович ја потенцираше заслужената победа на Македонија на дуелот во Рига, нагласувајќи дека во моментов Летонија едноставно не може да парира на поквалитетниот противник на теренот.
„Примивме два гола уште на почетокот и потоа беше тешко да се игра. Македонија е поквалитетна селекција, а јас никогаш не сум задоволен кога ќе загубам натпревар. Им дадов шанса и на неколку млади фудбалери од кои релативно сум задоволен. Македонија беше стабилна, рутинирана и заслужено победи“ – истакна Стојанович.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski