Connect with us

Ангеловски: Емоциите работат, но ќе бидеме максимално фокусирани за Австрија

МАКФУДБАЛ во Букурешт,

Никола Ѓуровски

Уште 24 часа. Македонската фудбалска репрезентација ги одбројува последните часови пред историскиот прв меч на ЕВРО. Противник е Австрија, а селекторот Игор Ангеловски вели дека адреналинот е на максимум. Но, свесен е дека мора главите да останат ладни и верува дека фудбалерите ќе се справат со притисокот. Се наврати и на почетокот на приказната.

„Пред шест години заминав кај Горан Пандев во Џенова и му реков дека тој е величина која заслужува да ја предводи Македонија на Европско првенство. Тогаш изгледаше далечно, но еве сме сега тука, на еден ден пред историскиот меч. Емоциите работат, но ние сме максимално фокусирани на натпреварот. Многумина сметаат дека сме аутсајдери, но тоа искрено ни одговара. На теренот ќе се води битката, а таму македонските фудбалери досега покажаа дека имаат квалитет“, изјави Игор Ангеловски.

Се разбира, остана затворен за првите единаесетмина, не се открива тоа пред најважниот натпревар. Прво таа информација ќе ја добијат фудбалерите.

Advertisement

Facebook

Тимови