Connect with us

Ангелевски потпиша за Спартак Суботица

Македонскиот младински репрезентативец Давид Ангелевски и официјално е нов фудбалер на Спартак Суботица, откако српскиот клуб го претстави како свое најново засилување.

Талентираниот играч, кој е стандарден член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, ги мина целосните летни подготовки со новиот тим и веднаш ги оправда очекувањата. На пријателскиот натпревар против ерменски Алашкерт, Ангелевски го постигна и својот прв гол во дресот на Спартак.

Во изминатата сезона настапуваше за Пелистер во Првата македонска фудбалска лига, каде што запиша 13 настапи. Со преселбата во српскиот шампионат, Ангелевски прави значаен чекор во својата кариера и ќе има можност да се докажува на интернационалната сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови