Офанзивниот играч за врска Андреј Тодороски беше во плановите на селекторот Гоце Седлоски за претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција, но поради административни причини нема да може да настапи за македонската репрезентација во овој циклус.
Фудбалерот на ТСЦ Бачка Топола сè уште ја очекува потребната документација, односно завршување на процедурата околу пасошот, што во моментов е единствената пречка за негов дебитантски настап во националниот тим.
„Тодороски беше на списокот, но се чека неговиот пасош. Станува збор за квалитетен играч, го имам следено и верувам дека наскоро ќе се реши ситуацијата, па ќе можеме да сметаме и на него“, изјави Седлоски.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













