Италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло ќе ја продолжи својата тренерска кариера во Обединетите Арапски Емирати. Тој потпиша договор со локалниот клуб ФК Јунајтед, а веста беше официјално потврдена од страна на клубот.
Пирло веќе се наоѓа во Дубаи и ќе започне со работа во наредните денови, додека тимот се подготвува за новата сезона.
46-годишниот стратег претходно ги предводеше Јувентус, турскиот Караѓумрук и Сампдорија.
„Горди сме што Андреа стана дел од семејството на ФК Јунајтед. Тој ги отелотворува вредностите и амбициите на нашиот клуб, и веруваме дека ќе биде клучна фигура во нашите напори да го подигнеме клубот на повисоко ниво“, изјави претседателот на клубот, Илие Чебану.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













