Connect with us

Андреа Пирло го сака Оливие Жиру во Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус сака да ја засили навалната линија за вториот дел од сезоната. „Старата дама“ има големо заостанување зад Милан и зад Интер, а сака да се впушти во трката за одбрана на „скудетото“. Токму поради тоа раководството е расположено да доведе неколку засилувања во зимскиот преоден рок. 

Тренерот Андреа Пирло посакува уште еден робусен напаѓач кој е подготвен да ја разбие противничката одбрана во моментите кога се крши резултатот. Изборот падна на Оливие Жиру, францускиот интернационалец кој нема голема минутажа во Челси. Тој треба да биде дополнување за Алваро Мората на голгетерската позиција.

Покрај Жиру, во опција е и Фернандо Љоренте, напаѓачот на Наполи, кој не е во плановите на тренерот Џенаро Гатузо. 

       

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови