Андре Онана отпадна од составот на Манчестер Јунајтед за натпреварот против Њукасл, кој ќе се игра вечерва. Камерунскиот голман доби одмор по грешките што ги направи против Лион (2-2) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа.
Според „Би-Би-Си“, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, го изоставил Онана од тимот за да „се одмори и да се ослободи од притисокот“.
Се очекува како стартер против Њукасл да започне Алтај Бајиндир. Ова ќе биде деби во Премиер – лигата за 26-годишниот турски репрезентативец, кој веќе има шест настапи за Манчестер Јунајтед во други натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













