Шпанскиот стратег Андони Ираола и официјално е нов менаџер на Ливерпул.
За оваа можност се шпекулираше во изминатите денови, поточно откако Арне Слот доби отказ, а сега е потврдено дека Ираола доби голема шанса во еден од најголемите клубови во светот.
Ираола остави одличен впечаток работејќи во Борнмут. Во вториот дел од штотуку завршената сезона во Премиер лигата, неговиот тим нанижа 18 натпревари без пораз и го освои шестото место на табелата, што му донесе пласман во Лига Европа.
Борнмут ја заврши сезоната со само три бода помалку од Ливерпул.
Welcome to the Reds, Andoni 👋 pic.twitter.com/lAq6tBynuI
— Liverpool FC (@LFC) June 4, 2026
Во својата тренерска кариера, 43-годишниот Шпанец ги предводеше и АЕК Ларнака, Мирандес и Рајо Ваљекано.
„Навистина сум возбуден, бидејќи ова е огромен клуб, еден од најголемите во светот. Отсекогаш сум сметал дека е посебен клуб. Ливерпул е Ливерпул“, изјави Ираола за клупската интернет-страница.
„Навивачите, клубот, можноста да тренирам играчи од врвно ниво и шансата да се борам за трофеи. Мислам дека нема ништо попривлечно од ова. Тешко е да се опише со зборови. Навистина сум возбуден што започнувам со оваа работа“, порача шпанскиот тренер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













