Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, со задоволство го коментираше драматичното реми 4-4 против Реал Сосиедад во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот, со оглед дека по голема борба неговиот тим успеа да избори пласман во финалето.
Неговиот тим беше во негатива во поголемиот дел од мечот, но искусниот стратег во ниту еден момент не се посомневал во конечниот успех. Сепак, и покрај пласманот во финалето, Анчелоти призна дека примањето четири гола е причина за загриженост.
„Ова беше спектакуларен натпревар, исполнет со грешки, но и со многу позитивни моменти. Најважно е што ја остваривме целта и обезбедивме финале. Дури и кога губевме, останав смирен, бидејќи на ‘Бернабеу’ ништо не е невозможно. Реал Мадрид никогаш не се предава, особено пред своите навивачи“, изјави Анчелоти.
Тој истакна и некои критични моменти во играта на својот тим.
„Во одредени ситуации ни недостигаше среќа. Алаба двапати ја допре топката на начин што ни донесе проблеми, но такви работи се случуваат во фудбалот. Примивме четири гола, што не е добро, но затоа постигнавме исто толку. Балансот ни недостасуваше, но го надополнивме со исклучителна офанзивна игра. Да постигнеш четири гола против Реал Сосиедад не е мала работа“, заклучи италијанскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













