Connect with us

Анчелоти: Целта на Реал Мадрид е да стигне до финалето на ЛШ

Реал Мадрид утре го пречекува Интер во пресметката за првото место во групата од ЛШ, а тренерот Карло Анчелчоти вели дека нема голем притисок кај тимот, затоа што „кралевите“ се навикнати секогаш од нив да се бараат само победи.


„Кога станува збор за Реал Мадрид, барањата се најголеми во светот, без разлика дали имаш 18 или 35 години. Затоа ние сме најдобриот тим во светот. Не чувствуваме некој посебен притисок. Целта на Реал е да стигне до финалето на ЛШ, зошто би имале притисок уште во оваа фаза од натпреварувањето. Можам да кажам дека тимот поседува голем потенцијал и привилегија е да го имаш Винисиус во составот. Разликата со лани е што и кога не игра добро може да решава натпревари како против Севилја. Интер е квалитетен тим, но ние играме дома и сакаме да победиме“, изјави Карло Анчелоти.

Реал Мадрид е на врвот со 12 бода, а Интер има два бода помалку и потребна му е победа во Мадрид за да успее да заврши на првата позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови