Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофали стрелецот на победничкиот гол против Атлетик Билбао, Федерико Валверде. Уругваецот погоди во судиското продолжение за победа од 1-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и го задржа „кралскиот клуб“ во трката за титулата во Ла Лига.
Во 79. минута, судијата Хуан Мартинес Мунуера по консултација со ВАР го поништи голот на Винисиус Жуниор поради офсајд на Ендрик. Анчелоти не изрази никакви забелешки за таа одлука.
„Таков е новиот фудбал. Не мислам дека има некакви сомнежи околу поништениот гол на Винисиус, бидејќи тој беше автоматски поништен. Но, тоа што ВАР не го повика судијата да провери потенцијален пенал за прекршок врз Џуд Белингам беше нешто поразлично. Таков е современиот фудбал“, прокоментира Анчелоти.
Валверде ги спаси надежите на Реал Мадрид во судиското продолжение против Атлетик Билбао.
„Валверде одигра клучна улога затоа што го постигна голот. Екипата играше добро. Во првото полувреме игравме малку побавно, но во второто полувреме бевме брилијантни во секој поглед. Сакавме да победиме, да се рехабилитираме по елиминацијата од Лигата на шампионите, а Феде беше главната фигура“, истакна Италијанецот.
Реал заостанува четири поени зад лидерот Барселона, а до крајот на сезоната остануваат уште шест кола. На 11 мај е директниот дуел меѓу двата гиганти на шпанскиот фудбал, кој може да ја одлучи судбината на титулата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













