Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го коментираше ремито 1-1 против Мароко во првото коло од Светско првенство 2026.
„Мислам дека лошо го започнавме натпреварот. Тимот беше малку нервозен, губевме многу дуели. Првото полувреме не беше на посакуваното ниво. Во второто полувреме се подобривме. Беше тежок натпревар, бидејќи Мароко е многу квалитетна репрезентација“, изјави италијанскиот стратег.
Анчелоти призна дека неговите избраници не успеале да ја наметнат својата игра во првиот дел од средбата.
„Да, мислам дека имаше одредена возбуда. Во првото полувреме тие лесно излегуваа од нашиот пресинг и создаваа опасни контранапади. Можевме подобро да ја контролираме играта. Сепак, задоволен сум од резултатот. Секако дека сакавме да го започнеме турнирот со победа, но Мароко е силен противник. Сега мора да се фокусираме на следниот натпревар“, додаде тој.
Искусниот тренер нагласи дека нема причина за паника по освоениот бод на стартот од турнирот.
„Не смееме да ја изгубиме самодовербата. Во првиот натпревар на едно Светско првенство може да се случи сè. Невозможно е да бидете совршени уште на првиот меч од турнирот. Резултатот не може да се нарече лош, но мораме да напредуваме“, истакна Анчелоти.
Тој потенцираше дека Бразил има уште многу простор за подобрување.
„Светското првенство не се освојува во првиот натпревар. Тимот се бореше до последната минута. Многу добро знам на што треба да работиме. Она што функционираше во двете пријателски средби не ни успеа во првото полувреме денес. Треба да продолжиме со работа за да станеме поизбалансиран тим и поопасни во нападот.“
На прашањето дали ремито може негативно да влијае врз самодовербата на екипата, Анчелоти беше категоричен.
„Апсолутно не. Треба да се разбере дека првиот натпревар на турнирот, од многу причини, може да не се одвива онака како што посакувате. Но мора да продолжиме понатаму и добро да се подготвиме за следниот дуел. Нашата цел е да ја минеме групната фаза и да стануваме сè посилни како што ќе напредува турнирот“, порача селекторот на Бразил.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













