Connect with us

Анчелоти откри кога ќе може да смета на Нејмар

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар се одвива добро и дека тој би можел да им се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела.

Нејмар (34) има проблеми со повреда на листот на десната нога, но се очекува да биде подготвен најдоцна до вториот натпревар на Светското првенство.

„Неговата ситуација е сосема јасна, работи одлично индивидуално. Ќе направи магнетна резонанца и ако сè биде во ред, следната недела ќе им се приклучи на тимските тренинзи“, изјави италијанскиот стручњак на прес-конференција.

Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 14 јуни против Мароко, а вториот на 20 јуни против Хаити.

Последниот меч во групата Ц, Бразил ќе го игра против Шкотска на 26 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови