Connect with us

Анчелоти останува во Мадрид и ќе доведе четири засилувања во Реал

Карло Анчелоти ја одбил понудата да ја преземе бразилската репрезентација и следната сезона ќе го води Реал. Тој ќе доведе и четири нови засилувања.


„Италијанскиот тренер веќе го дизајнира составот за следната сезона. Ќе донесе четворица играчи, по едно засилување во одбраната и средниот ред и двајца во нападот. Еден од тие двајца ќе биде Хоселу, а другиот ќе зависи од одлуката на Карим Бензема дали останува во Мадрид“, пишува шпанскиот „АС“.

Џуд Белингем ќе дојде како засилување во средниот ред. Марко Асенсио си заминува, како и Маријано Дијаз. Се очекува Дани Себалјос и Начо Фернандез да ги продолжат договорите, а Лука Модриќ и Тони Крос веќе го сторија тоа.

Реал Мадрид оваа сезона го освои Купот на Кралот, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство. Во Ла Лига заврши зад Барселона, а во Лигата на шампионите беше елиминиран од Манчестер Сити во полуфиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови