Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, 24 дена по елиминацијата од Светското првенство направи анализа на поразот од Норвешка во осминафиналето. Италијанскиот стратег призна дека направил грешка кога ја променил тактичката поставеност на тимот за време на паузата за освежување.
Анчелоти смета дека погрешно ја проценил ситуацијата на теренот и со своите измени го нарушил ритамот на бразилската репрезентација.
„Светското првенство го загубивме за време на паузата за освежување против Норвешка. До тој момент целосно го контролиравме натпреварот. Точно е дека Норвешка имаше поголем посед на топката, но најмногу на својата половина. Мислев дека ја губиме контролата, но тоа не беше така“, изјави Анчелоти.
Тој додаде дека токму неговата одлука ја променила динамиката на мечот.
„Можеби тоа беше мојата грешка. Малку го променив тимот, а потоа се случи проблемот при голот на Халанд. Кога на Светско првенство ќе примите гол во 80. минута, многу е тешко да се вратите во натпреварот“, истакна искусниот тренер.
Неколку минути пред паузата за освежување, Анчелоти ги повлече Габриел Мартинели и Рајан, а во игра ги внесе Нејмар и Данило Сантос. Сепак, тој ја бранеше одлуката да му даде шанса на Нејмар.
„Мислам дека Нејмар во тој момент мораше да влезе бидејќи беше во добра форма, добро тренираше и беше подготвен. Ми се допадна неговиот пристап и сметам дека ѝ помогна на екипата. Но, со неговото влегување не требаше да ја менувам тактичката структура на тимот“, заклучи Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













