Реал Мадрид доживеа класичен нокаут во Лондон откако загуби со 3-0 од Арсенал во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тимот на Карло Анчелоти ќе има екстремно тешка задача, но тој вели дека Реал сепак има капацитет за да изведе ново чудо во елитното европско клупско натпреварување.
“Сме се враќале и во минатото од голема негатива, мораме и сега да го сториме тоа. Ние како да не игравме фудбал против Арсенал. Не очекувавме ваков дуел и мора да бидеме самокритични дека одигравме очајно лошо. Арсенал беше подобар, ги правеше сите работи подобро. Ние имавме проблеми со блокот. Тоа ни се случува цела сезона“, изјави Карло Анчелоти.
Реваншот во Мадрид се игра на 16 април, а Реал ќе мора да надомести три гола негатива.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













