
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вети дека неговиот тим ќе се бори со сите сили против лидерот во Ла Лига, Барселона, на претстојното големо дерби следната недела, бидејќи актуелниот шампион се стреми да ја намали разликата од четири поени со каталонскиот гигант, кој е прв на табелата.
Реал победи со 3-2 против Селта Виго, задржувајќи ги надежите за титулата во последните четири кола од сезоната. Барселона нема пораз во последните 15 првенствени натпревари и го совлада Реал Мадрид со 3-2 по продолженија за да го освои Купаот на кралот минатиот викенд.
„Ќе се подготвиме добро, ќе се бориме колку што можеме. Натпреварот нема да биде одлучувачки, но ќе одреди многу“, изјави Анчелоти.
Тренерот истакна дека клубот се соочува со многу отсутни играчи поради повреди, и покрај тоа што Реал Мадрид не успеа да ја задржи предноста од 3-0 – Селта Виго постигна два гола во рок од седум минути, ставајќи ги домаќините под притисок.
„Треба да се земе предвид дека ни недостигаат шестмина дефанзивци и не секогаш можеме да ги поправиме тие ситуации. Да, можевме да се справиме подобро, малку настрадавме, но победата е важна“, коментира Анчелоти.
Напаѓачот Родриго, кој го пропушти натпреварот против Селта Виго поради болест, најверојатно ќе биде на располагање за гостувањето кај Барселона, со оглед дека ќе има една недела за опоравување, верува Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
