Фудбалската конфедерација на Бразил официјално потврди дека Карло Анчелоти потпишал нов договор кој ќе трае до летото 2030 година.
Во краткото соопштение, бразилската конфедерација истакна дека репрезентацијата и понатаму ќе биде предводена од еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, нагласувајќи дека има целосна доверба во него и неговата способност повторно да го врати Бразил на самиот светски врв.
Анчелоти ја презеде бразилската селекција минатото лето, по заминувањето од Реал Мадрид, каде помина четири успешни сезони.
Brasil 🤝 Carlo Ancelotti até 2030!
— brasil (@CBF_Futebol) May 14, 2026
O Brasil segue no comando de um dos maiores treinadores da história!
Compromisso, continuidade e confiança para levar a Seleção Brasileira ainda mais longe.
A caminhada continua. Nosso sonho também.
Saiba mais em https://t.co/pkHuBcm04I pic.twitter.com/DZdRZofPpN
Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе претставува негов прв голем предизвик како селектор на Бразил, а очекувањата од јавноста традиционално се огромни.
Бразил е петкратен светски шампион, но последната титула ја освои уште во 2002 година.
На претстојниот Мундијал, Бразил ќе настапува во групата Ц заедно со Шкотска, Хаити и Мароко.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













