Карло Анчелоти сака да го доведе Федерико Киеза во Реал Мадрид ова лето, пренесува „Фичајес“. Италијанскиот репрезентативец не е во плановите на новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, па раководството на клубот се обидува да го продаде дури и поевтина цена.
Јувентус е подготвен да го пушти 26-годишниот напаѓач за 25 милиони евра. Киеза, кој постигна 10 голови и обезбеди три асистенции во 37 натпревари минатата сезона, има договор до 2025 година, но Јувентус нема да му понуди продолжување.
Со заминувањето на Хоселу и можноста Родриго да направи трансфер, Киеза би можел да биде вредно дополнување на тимот на Анчелоти, кој неодамна ги додаде Килијан Мбапе и Ендрик во навалната линија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal