Connect with us

Анчелоти го пофали Реал, и покрај тоа што не постигна гол

Карло Анчелоти го поздрави настапот на Реал Мадрид против Реал Сосиедад, и покрај ремито без голови. Италијанецот го опиша настапот на неговиот тим како еден од најдобрите во сезоната досега.


„Штета што не победивме бидејќи одигравме многу добро и заслуживме да победиме. Одигравме квалитетен натпревар, еден од нашите најдобри во сезоната, но немавме среќа. Тимот се подобрува и расте. Физички сме многу подобри. Повредените почнаа да се враќаат и имаме самодоверба за наредните месеци. Бевме многу добри во играта и со топка и без топка. Сè што требаше да направиме е да постигнеме гол, бевме толку блиску, но не успеавме. Среќен сум бидејќи тимот одигра многу добро“, изјави Анчелоти, цитиран од шпанскиот весник „Марка“.

По ремито, „кралевите“ заостануваат пет бода зад лидерот Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови