Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, зборуваше по победата од 1-0 над Њукасл во натпреварот од 18. коло на англиската Премиер-лига. Со овој успех „црвените ѓаволи“ се израмнија на четвртото место со Челси и Ливерпул, сите со по 29 бодови.
„Сите моравме заедно да страдаме на стадионот, навистина ни беше многу тешко. Мислам дека одигравме добро во првото полувреме, но во второто главно се браневме, обидувајќи се да создадеме нешто преку Куња. Имавме и неколку шанси по контранапади.
Имаше многу натпревари на кои игравме добро, а не освоивме бодови. Овојпат беше обратно – страдавме заедно и ги освоивме трите бода. Имавме тешки моменти и понекогаш токму тоа може да го сплоти тимот. Добро е што има искусни играчи кои им помагаат на младите. Сите го дадоа максимумот на овој натпревар“, изјави Аморим.
„Во првото полувреме покажавме дека единствениот начин да создадеме поопасни ситуации е да играме со четворица во одбраната и да го затвориме средниот ред. Тоа е неопходно дури и за задржување на топката. Се сеќавам на натпреварот овде минатата година – ги загубивме дуелите по крилните позиции. Затоа се обидовме однапред да ја испланираме играта и да создадеме покомфорни услови за фудбалерите“, заклучи Аморим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













