Манчестер Јунајтед работи на сензационален трансфер на францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга од Реал Мадрид. Португалскиот стратег Рубен Аморим инсистира на засилување во средниот ред пред крајот на летниот преоден рок и 22-годишниот играч е еден од неговите главни приоритети.
Според информациите од „Фишајес“ и британските медиуми, Јунајтед подготвува понуда од околу 80 милиони евра – сума што е блиску до проценетата вредност на Камавинга. Реал Мадрид не би се разделил лесно со фудбалерот, но се отворени за преговори доколку нивните услови бидат исполнети.
Камавинга во моментов закрепнува од повреда на глуждот, поради која го пропушти стартот на Ла Лига против Осасуна. Ова е уште една во серијата повреди што го следат во последните 12 месеци – период во кој францускиот талент одигра само 19 натпревари во првенството. Претходно сезонава, тој се соочи и со сериозен мускулен проблем кој го оддалечи од терените со месеци.
И покрај тоа, Чаби Алонсо го смета Камавинга за важен дел од своите планови, но со оглед на честите повреди и интересот од Премиер – лигата, можно е Реал да ја разгледа понудата од Манчестер Јунајтед.
До затворањето на трансферниот прозорец остануваат уште помалку од две недели, па останува да видиме дали францускиот ас ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ или ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













