Манчестер Јунајтед оствари убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Атлетик Билбао, но менаџерот Рубен Аморим остана воздржан во изјавите, свесен дека патот до финалето сè уште не е завршен.
„Резултатот изгледа одлично на хартија, но самиот почеток на натпреварот не ни одеше во прилог. Бевме несигурни, нервозата беше очигледна дури и кај нашите најискусни фудбалери. Пресвртот дојде со пеналот и исклучувањето – тоа го промени целосно ритамот“, објасни Аморим, укажувајќи на клучниот момент што ја одлучи првата полуфинална пресметка.
Тренерот на „црвените ѓаволи“ вели дека работата не е завршена и дека вниманието мора да остане максимално.
„Сè уште не сме во финале. Фудбалот знае да биде суров – ако не си концентриран, можеш лесно да платиш цена. Не смееме да дозволиме самоодовербата да ни наштети на реваншот“, порача тој.
Аморим посебно ги пофали лидерите во тимот.
„Фудбалери како Кашемиро, Мегваер и Бруно го носат товарот на ваквите натпревари. Нивното присуство внесува ред и стабилност во секоја ситуација. Тие се срцето на тимот“, истакна менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













