Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, отворено призна дека неговиот тим во моментов не е подготвен да биде конкурентен истовремено во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите, но истакна дека ќе направат сè што е во нивна моќ да ја освојат Лига Европа и на тој начин да се пласираат во елитното европско натпреварување.
Јунајтед вчера го запиша својот 16. пораз во сезоната во Премиер – лигата, што е најлошо остварување на клубот во последниве 35 години. Сепак, победата од 0-3 против Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ ги носи со еден чекор во финалето на Лига Европа.
„Не сме подготвени да бидеме конкурентни и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. Тоа го знаеме. Но, мора да се избориме да го освоиме овој турнир, за да им дадеме нешто на нашите навивачи и да обезбедиме пласман во ЛШ. Потоа ќе имаме време да го подготвиме тимот за двете натпреварувања. Тоа е дилема, но нормално, сакаме да победуваме“, изјави Рубен Аморим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













