Connect with us

Аморим: Нема оправдување за лошата игра со Вулверхемптон

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, остро ја критикуваше играта на тимот во ремито 1-1 против Вулверхемптон.

Португалскиот стратег го опиша натпреварот како „чуден“ и истакна дека тимот сериозно потфрлил во квалитетот и организацијата.


„Страдавме речиси цел натпревар. Недостатокот на креативност и поврзаност меѓу линиите нè чинеше многу“, изјави Аморим.

Тој нагласи дека резултатот е последица на лошата игра, а не на надворешни фактори.


„Се обидовме со двајца напаѓачи, но потоа примивме гол од прекин. Играчите се трудеа, но кога не играш добро, се мачиш и со топка и без неа“, додаде тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови