Рубен Аморим ги пофали своите фудбалери што успеале да се вратат во натпреварот против Нотингем Форест од десеттото коло на англиската Премиер – лига, во кој Манчестер Јунајтед одигра 2-2.
„Мислам дека ова беше добар резултат во споредба со неодамнешните настапи. Имавме пет минути кога бевме надвор од ритам, но успеавме да ги контролираме емоциите и продолживме да играме. Малку бевме изморени, и кога тимот не е во најдобра форма, тоа се чувствува. Имавме одлична шанса на крајот, но немавме доволно среќа“, изјави Аморим.
Гостите први поведоа на „Сити Граунд“, но потоа дозволија пресврт. Сепак, успеаја да постигнат втор гол и да се изборaт за реми.
„Мора да работиме на тоа да играме со иста енергија и дома и на гости. Играме сè подобро, мислам дека тоа е очигледно за сите. Се чувствуваме дека ако не победиме, барем нема да изгубиме. Напредуваме, но сè уште имаме многу работа пред нас“, додаде Аморим.
Португалецот понатаму истакна дека неговиот тим задоцнил со подемот по колебливиот старт на сезоната.
„Она што ме загрижува е ноември – веќе е ноември, нели? Мислам дека малку доцниме. Треба да покажеме подобра игра следната недела, кога не очекува одличен противник — Тотенхем“, рече тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













