Рубен Аморим повторно би можел да се најде на тренерската сцена во Премиер – лигата, а според англиските медиуми, неговото враќање би можело да дојде преку неочекуван клуб.
Португалецот остана без ангажман во јануари, кога ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед по нешто повеќе од една година работа. Тој пристигна во декември 2024 како наследник на Ерик тен Хаг, но серијата слаби резултати и просекот од само 31,9% победи ја прекинаа неговата епизода на „Олд Трафорд“.
По разделбата, Аморим се повлече од јавноста и чека нова можност, а се чини дека таа може да се отвори многу побрзо од очекуваното. Како најсериозна опција се наметнува Кристал Палас, клуб кој е во процес на тренерска промена.
Актуелниот менаџер Оливер Гласнер наводно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната поради несогласувања со раководството, што ја отвора вратата за ново име на клупата. Во таа трка, Аморим важи за прв избор.
Доколку не дојде до договор, како алтернативи се споменуваат Андони Ираола од Борнмут, како и Томас Франк и Роби Кин.
Во секој случај, летото што следи би можело да донесе нов почеток за Аморим во англискиот фудбал, и тоа во проект кој би значел брзо враќање на големата сцена по кратката, но бурна епизода во Манчестер.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













