Фудбалерите на Манчестер Јунајтед претрпеа пораз од 1-0 на гостувањето кај Нотингем Форест во 30. коло од Премиер – лигата. Славниот Манчестер Јунајтед моментно се наоѓа на 13. место во Премиер – лигата, а следен противник им е градскиот ривал Манчестер Сити.
По новиот пораз, своите впечатоци ги сподели менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим.
„Да, фрустрирачки е, секогаш е така кога не победувате, особено кога сте свесни дека сте биле подобри. Не заслуживме да загубиме. Токму затоа поразот е уште понепријатен отколку кога противникот е подобар од вас. Овој пат тоа не беше случај. Затоа е навистина фрустрирачки“, изјави Аморим.
„Ако ги погледнете некои од нашите натпревари, не знаеме да создадеме шанси онаму каде што нашите противници тоа го прават. Тие постигнаа гол од еден или два удари, а ние не успеавме да реализираме ниту еден. Мораме да се подобриме во завршната зона. Забележливо е дека повеќе вршиме притисок на противничката половина, но потребно е многу повеќе од тоа“, истакна менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













