Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше разочаран по поразот од 1-2 од Астон Вила, бидејќи смета дека неговиот тим незаслужено загубил. Тој истакна дека и покрај тоа што биле подобар тим на теренот, важен е само резултатот кој се памети.
„Сите видоа дека ние бевме подобар тим. Дури и по повредата на Бруно продолживме да доминираме и да уживаме во играта. Добро ја завршивме нашата задача, но тоа никој нема да го памети, бидејќи единствено што се брои е резултатот. Тренирaвме за начинот на кој сакавме да играме, но мислам дека заслуживме повеќе“, изјави Аморим.
Повредата на Бруно Фернандеш е уште еден проблем со кој португалскиот стручњак треба да се соочи во овој период од сезоната.
„Секој сака да игра со млади играчи од академијата, но јас едноставно сакам да победувам, без да ја загрозувам самодовербата на младите. Следниот натпревар ќе биде тежок, но треба да се подготвиме според играчката група што ја имаме. Сè друго би било изговор. Одиме во правилна насока“, додаде тој.
Аморим зборуваше и за повредата на Бруно, изразувајќи надеж дека не е сериозна:
„Проблемот е мускулен, мислам дека ќе пропушти неколку натпревари, но не сум сигурен. Ќе видиме. Не сакам да зборувам за нешта што не можам да ги контролирам. Тој е играч кој секогаш е во форма и може добро да се опорави. Мислам дека Коби (Мејну) можеби ќе изостане против Њукасл, Бруно исто така е надвор, па ќе видиме. Ќе најдеме решенија, нема изговори – треба да го победиме следниот натпревар и ќе се обидеме да го направиме тоа“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













